МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра во нов енергетски автотрансформатор

Bez autora
May 18 2014

Државната енергетска компанија А.Д. МЕПСО почна во саботата со инсталација на нов 400/110 киловолтен енергетски трансформатор во трансформаторската станица Скопје 5, во населбата Бутел. Инвестицијата набавката на новиот трансформатор со номинална моќност од 300 мегаволтампери МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра ќе овозможи во иднина да се намалат прекините при напојување електрична енергија. Со оваа инвестиција на преносната мрежа, во иднина ќе се сведат на минимум сите потенцијални ризици од прекини во снабдувањето со електрична енергија во скопскиот регион, како најголем потрошувач во Македонија, рече Ацо Ристески, директор на подружница Оператор на преносна мрежа а.д. МЕПСО.

МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра во нов енергетски автотрансформаторДржавната енергетска компанија А.Д. МЕПСО почна во саботата со инсталација на нов 400/110 киловолтен енергетски трансформатор во трансформаторската станица Скопје 5, во населбата Бутел.

Инвестицијата набавката на новиот трансформатор со номинална моќност од 300 мегаволтампери МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра ќе овозможи во иднина да се намалат прекините при напојување електрична енергија.

„Со оваа инвестиција на преносната мрежа, во иднина ќе се сведат на минимум сите потенцијални ризици од прекини во снабдувањето со електрична енергија во скопскиот регион, како најголем потрошувач во Македонија", рече Ацо Ристески, директор на подружница Оператор на преносна мрежа а.д. МЕПСО.

Новиот трансформатор, како што рече, е со автоматска регулација на напонот, изработен специјално за потребите на преносната мрежа на МЕПСО

„Автоматската регулација, првпат активирана во Македонија, ќе овозможи стабилни напонски прилики. Ова е една од повеќето инвестиции во МЕПСО со цел да се овозможи осовременување и подобрување на погонско-техничките прилики на преносната мрежа на земјата", рече Ристески.

Со пуштањето под напон на трансформаторот, првпат во преносната мрежа во трансформаторската станица ќе бидат во паралелна работа два енергетски трансформатора на 400/110 киловолтно ниво со автоматска регулација на напонот.

Како што истакнаа од компанијата, најзначајната квалитативна новост, е тоа што работата на два енергетски трансформатори во паралелен погон значајно ќе придонесе за подобрување на доверливоста, квалитетот и стабилносота на напонските прилики во скопското конзумно подрачје.

Матаријалите од кои е изработен трансформаторот се од најнова генерација, јадрото е направено од вискоквалитетен челичен лим со потребен додаок на силициум кој не старее со висока пермеабилност, ласерски обарботен со мали загуби при трансформација. Производител на автотрансформаторот е КПТ, дел од групацијата „Siemens".

Трансформаторот кој досега функционираше во ТЦ Скопје 5 ќе биде префрлен и инсталиран и ставен под напон во ТЦ Скопје 4. Таму ќе го замени енергетскиот трансформатор што е во функција 38 години, а сега ќе се чува во резерва.

Процесот на транспорт на двата трансформатори, со вкупна маса што надминува 300 тони, го врши „Загреб транс" специјализирана компанија за транспорт на трансформатори и други тешки товари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik